Насловите на светските и регионалните медиуми за референдумот во Македонија – „Двете страни прогласија победа“

Референдумот во Македонија привлече големо внимание кај регионалните и светски  медиуми и новински агенции. Кај поголемиот дел од нив извештаите за гласањето се најдоа помеѓу првите вести во рубриките „свет“ или „Европа“или на насловните страници на нивните интернет изданија.
Британскиот Би-Би-Си својот текст за референдумскиот ден го наслови: „Референдум во Македонија: Гласањето за промена на името не успеа да го достигне потребниот цензус“, додека угледниот “Гардијан“ напиша: „Македонија се соочува со криза откако референдумот за промена на името доживеа мала излезност“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.