Двајца одговорни лица во угостителски објекти на централната област на Скопје биле уапсени бидејќи емитувале музика, спротивно на владината одлука за седумдневна жалост. Уапсени се Ф.А., 26-годишник од околината на Скопје, и В.В., 22-годишник од Скопје, поради сомнение за кршење на член 387 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден, во овие објекти каде тие се одговорни лица, се пуштала музика, и со тоа не се почитувала одлуката за жалост. Полицијата од СВР Скопје веднаш реагирала и лицата се приведени, а по целосно документирање на случајот ќе следи поднесување на соодветни кривични пријави според член 387 од законот, информира МВР.
The post Наслов: Приведени двајца за музика во угостителски објекти за време на жалост во Центар appeared first on 365.mk.