Наставник во едно основно училиште во Охрид со пластичен предмет нападнал ученик во училиштето.
„На 04.11.2024 во 10,20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет нападнал ученик во училиштето“, информира полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.