Наставничка од Велика Британија го убила своето момче по што на пријателите им кажала дека има ковид за да има време да го закопа во градината!Фиона Бил (50) го намамила градежниот работник Ник Билингем (42) во спална соба за секс, а потоа го прободела во вратот додека бил врзан за кревет на 1 ноември 2021 година.Наставничката потоа им кажала на пријателите дека двајцата биле позитивни на Ковид за да не ја вознемируваат додека го закопувала Ник во градината во нивниот дом во Нортхемптон. Бил потоа поминала неколку месеци користејќи го телефонот на нејзиниот партнер за да им пишува пораки на неговите пријатели и роднини преправајќи се дека е жив и дека се преселил кај друга жена.
Мумифицираното тело било пронајдено четири месеци подоцна завиткано во чаршафи во импровизирана гробница, откако полицијата ги пронашла дневниците на Бил каде таа рекла дека го планирала убиството.Обвинителот Хју Дејвис изјави пред поротата во понеделникот на почетокот на судењето дека Бил го планирала убиството и однапред го купила ножот, што значи дека чистењето на куќата започнало веднаш по злосторството.Обвинетата го признала убиството од небрежност, но го негирала убиството, тврдејќи дека изгубила контрола.Судењето се очекува да трае шест недели.