Во чест на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани и нивните семејства, под препорака на Министерството за култура и туризам, нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги откажува планираните настани за наредната недела.
– Денес Македонија е во жалост. Со длабока тага ја примивме веста за трагедијата во Кочани. Загубата на толку млади животи е ненадоместлива. Ова е време на длабока болка и обединување. Апелирам на мир и хуманост во овие тешки моменти. Истражните органи активно работат на пружање помош и поддршка на семејствата настрадани во несреќата. Нашите мисли и молитви се со оние кои ги изгубија своите, на повредените им посакуваме брзо закрепнување, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на својот Фејсбук профил.
– Од име на вработените во нашата институција изразуваме искрено сочувство до семејствата кои ја загубија својата најблиска личност во трагичниот пожар во Кочани, а на сите повредени им посакуваме брзо закрепнување, изјави Христина Трпеска, в.д директорка на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.