Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата земја ќе започне со производство на нов борбен авион од шеста генерација наречен Ф-47. Според Трамп, Американското воено воздухопловство веќе е во припрема да го воведе овој модел кој ќе биде прв од овој вид во светот и ќе носи назив Ф-47. Тој истакна дека експерименталната верзија летала веќе пет години, а Боинг ќе биде одговорен за неговото производство, известува Си-Ен-Ен. Трамп објави дека после интензивна конкуренција меѓу водечките авиокомпании, договорот за изградба на новата генерација на воздушна платформа ќе биде доделен на Боинг.
Трамп го опиша Ф-47 како нештo досега невидено. Генералот Дејвид Олвин од воздухопловните сили го посочи авионот како “драгоцен камен” за новата генерација на воздушна војна. Минатата година, американските воздухопловни сили одложија донесување на одлуката за производство, оставајќи ја на администрацијата на Трамп.
Програмата Next Generation Air Dominance (NGAD) има за цел да произведе нов авион што ќе надмине по капацитетите Lockheed Martin F-35 Lighting II, кој се соочи со пречекорувања и доцнење. Илон Маск изрази критики за F-35, предлагајќи беспилотни летала како подобра опција.
Според Ројтерс, програмата NGAD ќе го замени Lockheed Martin F-22 Раптор и ќе биде дизајнирана за комбинирање со беспилотни летала. Дизајнот на авионот останува тајна, но ќе вклучува стелт технологии, напредни сензори и модерни мотори. Трамп потврди дека авионот Ф-47 ќе се продава и меѓународно, но не прецизираше цена. Од веста акциите на Боинг се зголемија за пет, а на Локхид Мартин паднаа за шест проценти.
The post Настан без преседан во светски рамки appeared first on 365.mk.