Наташа Беквалац во едноделен костим за капење на брод: Пејачката воодушеви со својот изглед на Ибица (фото)

Српската пејачка Наташа Беквалац многу ужива во топлите денови. Убавата Новосаѓанка, која ја нарекуваат и „српската барбика“, на својот „Инстаграм“ профил сподели слика со која се обидува да пренесе само дел од морската атмосфера што ја доживува.Имено, на фотографијата може да се забележи дека таа ужива на бродот со своите пријателки и сестри, а воедно ја покажа и својата извајана фигура. Наташа е облечена во едноделен костим за капење во маслинесто зелена боја, а горниот дел од телото го прекрила со сина кошула со морски мотиви. Косата си ја врза во високо опавче додека ги штитеше очите со црни очила со широка рамка.Она што е видливо е дека Наташа и по две породувања го одржува своето витко тело на кое можат да и’ позавидат и помладите дами.Убавата Ната ужива на шпанскиот остров Ибица и несомнено ги полни батериите за следните ангажмани кои ја очекуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи: