Судењето на Лука Лазукиќ почна во Првиот основен суд во Белград, а на рочиштето присуствуваат и тој и Наташа Беквалац, на кои ова им е прва средба очи во очи после семејното насилство кое тој го изврши над пејачката.
И Наташа и Лука се појавија во друштво на своите адвокати, а Лазукиќ прв давал изјава.
На почетокот на неговото излагање, Наташа со адвокатот ја напуштила судницата.
на вратата се свртела кон судијата и прашала: Не морам, нели?, а откако добила одобрение од судијата да не присуствува на давање исказ на Лазукиќ, таа излегла од судницата.
Наташа не ја напуштила зградата на судот, туку само се качила еден спрат погоре.