Медиумите во Србија јавуваат дека пејачката Наташа Беквалац имала сообраќајна несреќа на излезот од Нови Сад.
Во моментот на несреќата во возилото покрај пејачката биле нејзиното бебе и дадилката.
Српските медиуми јавуваат дека таа тргнала за Белград кога нејзиниот автомобил удрил во друго возило.
Денес, како и секоја среда, Наташа тргнала да ја однесе ќерката во Центарот за социјални работи за таа да се види со таткото Лука Лазукиќ.
-Наташа тргна од Нови Сад со дадилката и Катја за Белград. На самиот излез од градот им излетал автомобил. Се е во ред, но Наташа преживеа голем стрес, изјавиле од ПР службата на пејачката.