Поп-пејачката Наташа Беквалац по скандалот со својот се’ уште законски сопруг Лука Лазукиќ ретко се појавува во медиумите, но сепак во интервјуто за емисијата „Ексклузив“ откри како се чувствува во моментов и кои и’ се идните планови.
Не се смеев само во интервјуто, јас генерално се смеам“, изјави пејачката, видно порасположена од порано.
Таа истакна дека е послаба сега поради проблемите и тагата, но призна дека во закрепнувањето многу и’ помага семејството поради кое се врати во родниот град Нови Сад.