Од НАТО соопштија во четвртокот навечер дека го одобрил именувањето на американскиот воздухопловен генерал Филип Бридлав за врховен командант на сојузничките сили за Европа.Педесет иседумгодишниот Филип Бридлав, чиешто именување го поддржаа амбасадорите на 28-те земји членки на НАТО, ќе го замени адмиралот Џејмс Савридис на местото врховен командант на Алијансата за Европа. Неговото именување уште треба да ја добие потврдата и во американскиот Сенат.Првично американскиот генерал на морнаричката пешадија (маринците), Џон Ален, кој ги предводеше силите на НАТО во Авганистан, требаше да биде именуван за челникот на командата на сојузничките сили на европскиот континент. Но, откако беше замешан а потоа излезе чист од скандалот кој го принуди директорот на американската разузнавачка агенција CIA, генералот Дејвид Петреус да поднесе оставка, Ален во февруари објави дека ќе се пензионира и се откажа од именувањето за да се посвети на здравјето на неговата сопруга.Генералот Бридлав, кој треба да започне да ја извршува новата функција пролетва, ја презема должноста додека силите што ги предводи НАТО во Авганистан постепено ја предаваат одговорноста за безбедноста на авганистанските безбедносни сили, пред поголемиот дел од борбените американски единици не се повлечат од оваа земја до крајот на 2014 година.Бридлав во моментов е командант на американските воени воздухопловни сили во Европа и во Африка и поранешен заменик началник на штабот на американските воени воздухопловни сили.Во неговата биографија е забележано дека во долгата воена кариера командувал со ескадрила, оперативна групација и три ловечки полка.
МакфаксОд НАТО соопштија во четвртокот навечер дека го одобрил именувањето на американскиот воздухопловен генерал Филип Бридл