НАТО ЗАГРИЖЕН ПОРАДИ РУСКИТЕ УДАРИ ВРЗ УКРАИНА: ЌЕ ИСПРАТИ смртоносно оружје!

НАТО најави дека ќе им помогне на своите членки да купат до 1.000 американски ракети Патриот за подобро да се заштитат додека Русија ги зголемува воздушните напади врз Украина.

Агенцијата за поддршка и набавка на НАТО објави дека ќе поддржи група земји, меѓу кои Германија, Холандија, Романија и Шпанија , при купувањето на „Патриоти“, кои се користат за одбрана од крстаречки и балистички ракети и од авиони.

Дневен хороскоп за сабота 28 септември! Вагата ќе има афера со пријател, а овој знак ќе започне сопствен бизнис
Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас.Еве што очекува секој хороскопски знак: ОВЕНЉУБОВ: Ќе имате две можности за романса. Најмалку двајца ќе им се …
 Објавени фотографии од забава на Пиф Диди: Гола жена покриле со лисја и послужиле храна, еве кој се’ се гостел
Раперот неодамна беше уапсен во Њујорк, а доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затворРаперот Шон Диди Комбс, познат како Пиф Диди, …

Според извори од воената индустрија, договорот би можел да биде вреден околу 5,5 милијарди долари.  Купувањето може да им помогне на сојузниците да обезбедат повеќе од нивните сегашни одбранбени системи за Украина.

Нападите на руските ракети и беспилотни летала врз украински цивили, градови и населени места покажуваат колку е важна современата воздушна одбрана –  се вели во соопштението на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг .

– Зголемувањето на производството на муниција е клучно за безбедноста на Украина и за нашата безбедност –  додаде тој. Како организација, НАТО и дава само „несмртоносна поддршка“ на Украина, но нејзините членки испраќаат оружје и муниција.

Последната рунда руски напади започна во петокот со најголемиот поединечен напад врз Украина од почетокот на војната. Сега е жестока зимска војна на трошење долж линијата на фронтот долга 1.000 километри. Повеќе од 40 цивили се убиени од викендот.

Пронајдете не на следниве мрежи: