Западната воена алијанса НАТО во вторникот објави дека нема намера воено да интервенира во Сирија, откако еден од сириските опозициски челници изјави дека САД со проектилите од типот Patriot треба да ги штитат областите кој ги контролираат бунтовниците од воздушните напади на силите на претседателот Башар ал-Асад.„НАТО нема намера воено да интервенира во Сирија“, изјавил неименуван функционер на алијансата, пренесува Reuters.Претходно челникот на сириската вооружена опозиција Моаз ал-Катиб изјави дека го замолил американскиот државен секретар Џон Кери американските сили со проектили „Patriot“ да помогнат во одбрана на северните области во Сирија коишто ги контролираат бунтовниците.САД, Германија и Германија, претходно разместија неколку батерии од модернизираниот вид од овие проектили земја-воздух на територијата на Турција веднаш на границата со Сирија, за заштита од евентуални сириски напади, по неколкуте инциденти кога проектили истрелани од сириска територија завршија од другата страна на границата при што имаше и неколку цивилни жртви.
МакфаксЗападната воена алијанса НАТО во вторникот објави дека нема намера воено да интервенира во Сирија, откако еден од сири