НАТО не се согласува Косово да добие војска

Северноатланската алијанса не е согласна Косово да добие своја војска, велат за дневникот Коха диторе неименувани функционери на НАТО. Северноатланската алијанса не е согласна Косово да добие своја војска, велат за дневникот Коха диторе неименувани функционери на НАТО.

И покрај најавите на Приштина дека оваа година има намера да ја трансформира БСК во Војска на Косово, надлежните во НАТО велат дека тоа не е возможно.
 
„Косово може да одлучи Безбедносните сили на Косово (БСК) да ги трансформира во војска на Косово, но таков чекор не би му се допаднал на НАТО. Идниот статус на БСК е нејасен и останува тема на расправа внатре во НАТО”, вели неименуваниот извор.
 
Четири од 27-те земји членки на НАТО кои не го признаваат Косово како независна земја, Грција, Шпанија, Романија и Словачка, не сакаат Косово да добие своја војска
Макфакс
Северноатланската алијанса не е согласна Косово да добие своја војска, велат за дневникот Коха диторе неименувани функционе

Пронајдете не на следниве мрежи: