Натпреварот Македонија – Велс почна со минута молчење за жртвите во Кочани

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје се игра натпреварот од квалификациите за СП 2026 помеѓу Македонија и Велс.

Важен меч за двете селекции на патот кон учество на Мундијалот кој ќе се организира во САД, Мексико и Канада.

Пред почетокот на овој меч имаше едноминутно молчење во знак на почит кон настраданите во огромната трагедија во Кочани.

Вкупно 25.000 илјади гледачи го следат натпреварот помеѓу Македонија и Велс.

Фото: Гол.мк

Пронајдете не на следниве мрежи: