Освен дуелот помеѓу Македонија и Велс на Арената „Тодор Проески“ во 20:45 часот, утре е закажан уште еден меч. На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во 12:00 часот ќе се соочат навивачкиот тим на Велс и четвртолигашот Слобден.
Тимот на навивачите од Велс има долга историја, со дури 125 одиграни натпревари, а нивната последна средба беше против навивачите од Исланд во 2024 година. На спротивната страна, екипата на ФК Слободен ќе го игра својот втор натпревар против навивачи бидејќи во 2023 година ремизираше 1-1 со навивачкиот тим на Англија.
The post Натпревар во Скопје: Велс има свој тим од навивачи appeared first on 365.mk.