Науката открива дека пицата игра важна улога во квалитетот на спермата

Машката неплодност е во пораст и е причина за 50% од случаите во кои паровите не може да имаат деца. Колку подолго мажите чекаат за да основаат семејство, толку повеќе се намалува плодноста. Намалената плодност беше сериозна причина за едно ново истражување, а во продолжение прочитајте што откриле научниците.
Науката открива дека пицата игра важна улога во квалитетот на спермата
Јадете повеќе пица за да бидете полни со муниција
Истражувањето објавено во Европскиот журнал за исхрана открило дека мажите кои дневно јаделе две лажици доматно пире (главната состојка на пицата) имаат значително поголем број сперматозоиди. Тајната е во фитонутриентот ликопен – антиоксидант кој го спречува оштетувањето на сперматозоидите.


Меѓутоа, ако секој ден јадете пица, тоа ќе има штетни ефекти врз целокупното здравје. Но, постојат рецепти кои може да ја направат оваа храна многу поздрава. Тестото од цели зрна житарки е едно решение. Обидете се да искомбинирате такви состојки и ќе можете да уживате во доматното пире.
Храна што ја зголемува плодноста
Лук – содржи алицин, кој го подобрува протокот на крв во гениталните органи и ја штити спермата од оштетување.
Печурки – содржат селен, антиоксидант што ја подобрува подвижноста на спермата, а го зајакнува и имунитетот.


Брокула – нивото на витамин А во организмот влијае на плодноста. Подобрете ги резервите на витамин А со брокула.
Аспарагус – високото ниво на витамин Ц ги зголемува количината на спермата, подвижноста на сперматозоидите и ги штити од оштетување.
Спанаќ – содржи фолна киселина која помага при заздравувањето на оштетените сперматозоиди и при зголемувањето на нивниот број.
Пилешко месо – оваа храна е богата со цинк кој влијае на квалитетот и на бројот на сперматозоиди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.