ФЕЈСБУК СТАТУС НА ТОНИ НАУНОВСКИ: Шокантно. Скандалозно. Ова ниту во северна Кореја го нема, а уште не се ни дојдени на власт мицињата. Чист, јасен знак какво ќе биде владеењето на мицково дпмне, каква ќе биде државата догодина – задушување на основните човечки права на изразување став и слободно мислење, институционален прогон на секој што објективно ги критикува оние од белата палата; автократија, диктатура, тиранија. Тоа не чека веројатно со мицињата на власт. Одамна има такви индиции, но ова е реален доказ за антидемократските модели на мислење и делување на дпмне.
Денес Филип, утре секој што ќе изрази став и критика. Замислете се вие од сдсм на кого му ја давате власта, освен ако не сте договорени – но, знајте, дури и ако сте договорени дека ќе ве остават на мир, може ве лажат. Денес, врвна патриотска задача на секој Македонец е да спречи власт на центри на моќ со вакви тоталитарни тенденции и деструктивни процеси по суштините на демократијата.
– Поддршка за Филип. Каде се сега ЗНМ, хелсиншки, сорос, сдсм и сите други партии кои не се во коалиција со дпмне, демократската јавност, медиумите, итн. да го осудат ова драстично кршење на правото на слободно мислење?!!
- Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно
- Почина Борјанчо Мицевски градоначалникот на Крива Паланка
- Ја сликале бомбата пред експлозијата- едно момче загина, девојка се бори за живот по забава
- Потпретседателката на Филипини јавно се закани дека ќе организира убиство на претседателот
- Паднаа скопски дилери- полицијата со полни раце работа
- Денеска се празнува Св. великомаченик Мина
- Исчезнат жител на Младо Нагоричане
- Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
- Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради