Науновски: членството и комитетите можат да назначат делегати и да го сменат Мицковски

Науновски: членството и комитетите можат да назначат делегати и да го сменат Мицковски

Во пост на Фејсбук Науновски објасни дека правниот вакум, кој се чини е намерно создаден може да му се удри од глава на Мицковски.

Според моите информации, истечен е мандатот на делегатите за конгрес, а нови не се избрани. Тоа отвора можност за плаузибилна правна интерпретација дека всушност нема валиден партиски орган кој ја легитимира позицијата на Мицкоски и неговото приватно друштво. Ако можам да претпоставам, веројатно постои можност сега секој ОК (прашање е колку легитимни се и претседателите на ОК што си ги ставил ,,лидерот’’ лузер) да назначи нови делегати кои ќе побараат вонреден конгрес за смена на Мицкоски и Конрад Аденауер, Сорос дружината, и манчмалоу летувалците околу негo.
Има една поговорка на српски – ако нечеш милом очеш силом (ова силом, секако, не значи физичка сила). Она што ме радува е што имам чувство дека конечно Груевски сфати дека овие сега, што се вели ,,му го удрија ножот во грб’’ кога му ја одземаа титулата почесен претседател, па со својот молк, имплицитно, ги поддржува сите обиди конечно да си заминат лузерите од ВМРО-ДПМНЕ, односно ова раководство.
А да, новото раководство ќе побара враќање на мандатите на Гога Јога, Иванка, Јанушев и компанија, тоа сигурен сум.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.