Научниците не се единствени околу причините за забавувањето на затоплувањето

Научниците се соочени со се` повеќе проблеми во обидите да пронајдат објаснување за забавување на процесот на глобалното затоплување, што укажува на недостатоци во научните заклучоци и во колизија со фактот дека и натаму расте емисијата на гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклената градина што се смета за главниот причинител на глобалното затоплување.Потпирајќи се на стогодишните трендови, повеќето климатски модели не успеале да предвидат кога ќе забави растот на температурата почнувајќи околу 2000 година. Научниците сега имаат намера да ги откријат причини и да утврдат дали ова пауза е краткотрајна или станува збор за подолготраен феномен.Точното утврдување на причините за трендот на забавувањето на глобалното загревање односно растот на температурите е клучно и за краткорочното и за долгорочното планирање, како од страна на националните влади, така и на деловниот свет, од енергетската до градежната сфера и од земјоделието до осигурувањето.Многу научници велат дека следните години очекуваат „заживување“ на забавениот процес на затоплувањето.Меѓу теориите кои тоа забавување се обидуваат да го објаснат се и оние дека длабоките океани впиле повеќе топлина, па површината на Земјата е постудена отколку што се очекуваше, дека индустриското загадување во Азија односно облаците се претвориле во атмосферски филтер кој ги блокира сончевите зраци на патот до површината на Земјата или дека стакленичките гасови всушност задржуваат помалку топлина отколку што порано се веруваше.Некои, пак, сметаат дека тој тренд може да биде и резултат на намаленото испарување на водите во повисоките слоеви на атмосферата што доведува до задржување на топлината во тие слоеви од атмосферата. Научниците сметаат дека може да станува збор и за комбинација од фактори или некои засега непознати природни варијации.Во меѓувреме забавениот економски раст во светот и забавувањето на процесот на глобалното затоплување ја поткопа подготвеноста на државите да го минат брзиот пат на транзицијата, во износи од стотици милијарди долари, од фосилни горива на други кои се еколошки поприфатливи.Речиси 200 светски влади се усогласија до крајот на 2015 година да изработат план за борба против глобалното затоплување.„Климатскиот систем не е така едноставен како што веруваа луѓето“, вели Бјорн Ломборг, дански статистичар и автор кој проценува дека умереното затоплување ќе му користи на растот на земјоделските култури и на човековото здравје.Некои експерти велат дека нивната доверба во климатските науки е разнишана поради многуте неизвесности.Меѓувладината комисија на Обединетите нации за климатските промени мораше да ги коригира своите претерани процени од 2007 година за брзина на топењето на глечерите на Хималаите и погрешните процени дека тие глечери ќе исчезнат до 2035 година.„Мојата доверба во податоците отиде надолу во изминатите пет години“, вели Ричард Тол, експерт за климатски промени од универзитетот Сесекс во Англија.Шведскиот хемичар Сванте Архениус прв во 1980 година докажал како јаглерод диоксидот, за чиешто производство е одговорен човекот на пример со користењето ан јаглен како енергенс, ја задржува топлината во атмосферата.Стакленичките гасови ги достигнаа рекордните вредности делумно и поради користењето на јагленот во најбрзо растечките економии, Кина и Индија. Светските емисии на јаглерод диоксид изнесувале 75 отсто повеќе во 2010 година отколку во 1970 година, покажуваат податоците на Обединетите нации.
МакфаксНаучниците се соочени со се` повеќе проблеми во обидите да пронајдат објаснување за забавување на процесот на глобално

Пронајдете не на следниве мрежи: