Научниците од Универзитетот во Рочестер во едно бихејвиорално истражување откриле дека има една работа што интелигентните жени особено често ја прават.
За прв пат по сто години, жените добиваат подобри резултати на тестовите за интелигенција, тврди Џејмс Флин, светски авторитет на вакви тестови.
Тој ги прегледал тестовите за интелигенција во земјите од Западна Европа, САД, Канада, Нов Зеланд, Аргентина и Естонија и открил дека интелигенцијата е значително зголемена, особено кај жените. Досега, машкиот коефициент на интелигенција беше секогаш пет поени поголем во просек, но денес тоа повеќе не е така.
Ова е последица на модерниот живот, бидејќи сложеноста на денешниот свет бара нашиот мозок да се прилагоди, поради што се зголемува коефициентот на интелигенција – вели Флин.
Тестовите за интелигенција низ Западна Европа, Канада, САД и други развиени земји откриваат зголемување на интелигенцијата на луѓето, но таа се зголемува побрзо кај жените поради мултитаскингот.
Научниците од Универзитетот во Рочестер во едно бихејвиорално истражување откриле дека има една работа што интелигентните жени особено често ја прават. И тоа не е баш одраз на доброто воспитување.
Имено, тие тврдат дека нападот на гнев пропратен со сочни пцовки е знак за натпросечна интелигенција кај жените!
Истражувањата покажаа дека интелигентните жени почесто пцујат и кажуваат едноставни зборови од оние со понизок коефициент на интелигенција, а тврдат и дека пцуењето е добро за физичката форма и за подобрување на издржливоста.
Дали се согласувате со ова мислење?
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.