Научниците од Универзитетот во Сантијаго де Компостела во Шпанија идентификуваа нова ерогена зона на пенисот, сместена во пределот на френуларна делта, која ја опишуваат како исклучително богата со нервни завршетоци и рецептори за задоволство.
Во нова студија објавена во стручното списание „Андрологија“ , истражувачи од Шпанија наведуваат дека прецизно ја одредиле локацијата на таканаречената машка Г-точка. Оваа Г-точка е поврзана со френуларна делта, триаголната област на долната страна од пенисот каде што глансот се среќава со телото на пенисот.
Тоа е анатомски лошо опишана област која долго време била изоставена од учебниците за сексуално здравје, според „Њу Сајентистик“. Според авторите, френуларната делта создава исклучително пријатни сензации.
За да ја детализираат оваа „ерогена мапа“, истражувачите анализирале примероци од ткиво на пенисот земени од 30 фетуси, како и примероци од 14 возрасни мажи кои ги донирале своите тела на науката по смртта. Пресеци од ткивото биле набљудувани под микроскоп од различни агли со цел прецизно да се утврди распоредот на нервните завршетоци.
Врз основа на ова, тие беа во можност да направат најдетална претстава за локацијата на рецепторите за задоволство досега. Тие открија дека машката Г-точка содржи повеќе нервни снопови и кластери на чувствителни рецептори од кој било друг дел од пенисот, со до 17 снопови концентрирани на многу мала површина во некои случаи.
Меѓу структурите што придонесуваат за овие сензации се Краусевите корпускули, за кои се смета дека регистрираат ситни вибрации создадени од триење на кожата, по што пренесуваат сексуални сензации. Поради толку густата нервна мрежа, френуларниот делта се покажа како значително почувствителен од глансот на пенисот, кој претходно се сметаше за главна област за стимулација.
The post Научниците ја открија локацијата на машката Г-точка: Нова ерогена зона што го зголемува задоволството appeared first on Во Центар.



