Нафтените берзи стравуваат за побарувачката

Цената на барел нафта повторно се спушти во понеделникот на светските берзи со оглед дека американската фискална криза го зајакна стравувањето за нафтената побарувачка во најголемиот светски потрошувач.

На лондонската берза цената на барел сирова нафта падна за 20 центи, на 110,2 долари, додека на американската берза со барел се тргуваше по 38 центи пониска цена од 90,3 долари.Автоматското кастрење на јавната побарувачка кое стапи на сила во САД во петокот со оглед дека политичарите не успеаа да постигнат договор. Се стравува дека тоа би можело да му наштети на и онака кревкото економско закрепнување.Забавувањето на кинеското индустриско производство во февруари на најниско ниво во последните четири месеци дополнително ја поттикна загриженоста за потрошувачката на горива. „Одлуката за намалување на потрошувачката и расправата за буџетот кое ќе мора да биде одработено до крајот на месецот ќе биде во фокус на вниманието на американските медиуми, а тоа во правило не влијае добро врз расположението на светските берзи“, толкува Оливие Јаков од швајцарски Petromatrix.Според Меѓународниот монетарен фонд, американските резови во јавната потрошувачка би можела да го намали растот во најголемиот светски потрошувач на нафта за половина постотен поен и ќе влијае на вкупната светска побарувачка за нафта.Нагласена е и загриженоста за изгледите на закрепнување на еврозоната, по влошеното расположени во регионот во март, со што е прекинат шестмесечниот тренд на подобрување на очекувањата.
Макфакс
Цената на барел нафта повторно се спушти во понеделникот на светските берзи со оглед дека амер

Пронајдете не на следниве мрежи: