Националната банка на Грција и Eurobank создаваат најголема банкарска групација

Националната банка на Грција во понеделникот објавила дека купува 84,35 отсто од акциите во Eurobank, зделка што ќе доведе до формирањето на најголемата банкарската групација во земјата, објави интернет порталот за бизнис информации Capital.gr.

 „По успешното завршување на зделката за стекнување со 84,35 отсто од акционерскиот капитал на банката Eurobank Ergasias, би сакал официјално да ви посакам добредојде во групацијата на Националната банка, многу динамична и банка којашто брзо се развива”, се вели во обраќањето на генералниот директор на Националната банка, Александар Tуркулуас до вработените во банката.
Според него, Националната банка и Eurobank ќе ги здружат силите и ќе ја создадат најголемата банкарска групација во Грција, способна да одговори на предизвиците со кои се соочува грчкиот финансиски систем. Банката има намера брзо да ја спроведе докапитализацијата, да ја подобри ликвидноста, да ги намали оперативните трошоци и намалување на ризиците.
„Нашата цел е да се создадат услови за да помогне да се врати довербата во грчкиот финансиски систем и зголемување на можностите за финансирање во реалната економија. Новата групација ќе располага со широка мрежа за опслужување на клиентите во Грција и клучните регионални пазари на Југоисточна Европа, со повеќе од 18 милиони клинети”, изјавил генералниот директор.
Eurobank Ergasias соопшти дека таа е втора по големина банка во Грција со повеќе од 300 канцеларии во земјата. Таа беше дел од групата фирми на бизнисменот Спиро Лацис. Банката влегува во составот на Eurobank Group, најголемата европска банкарска организација со вкупна актива од 71,3 милијарди евра која работи во осум земји, вклучувајќи ги и Луксембург, Бугарија, Романија, Србија, Кипар и Украина.
Преговорите за спојувањето на банките започнаа на 5-ти октомври 2012 година. Акционерите на Eurobank ќе добијат 58 нови акции (на споената банка) за секои 100 акции на Eurobank коишто ги поседуваат.
Макфакс
Националната банка на Грција во понеделникот објавила дека купува 84,35 отсто од акциите во Eurobank, зделка што ќе до

Пронајдете не на следниве мрежи: