Во петок, 26 ноември, со почеток во 20.00 ч. во Националната опера и балет ќе се изведе ремек- делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“ , една од најпознатите опери во историјата.
Изведбата на операта „Кармен“ е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021.
Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш; Режисер: Нина Најденова (Бугарија);
Сценограф: Елена Иванова (Бугарија); Костимограф: Марија Пупучевска; Кореограф: Олга Панго.
Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе, Зоран Сотиров, Ристе Велков како Ескамилио, Сандра Митровска во улогата на Микаела, а во останатите улоги настапуваат Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска – Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернес Ибраимовски.
Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Задолжително е носење на заштитна маска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.