Сака да ја научи својата ќерка да не се срами од своето тело, многу мајки не се согласуваат со неа. Кејт Клекстон е авторка на детски книги.
Таа посебно се прослави со сликовницата „Мојата мама е тигрица“ во која се прикажани предизвици со кои многумина се соочуваат.
Кејт на овој начин само сакаше да им ги приближи на децата овие предизвици и да им создаде нормална слика за тоа.
Нејзината сликовница претставува искуства и предизвици на бројни луѓе од вистинскиот живот кои за време на растење слушале дека треба да го скриваат своите лузни и недостатоци.
Но Кејт, она што го пишува во своите дела наменети за најмладите, истото го практикува и во својот дом.
И бидејќи нејзината ќерка обожава кукли, Кејт купи нова и со фломастер и’ нацрта стрии, кои како што вели таа, жените ги сокриваат и се срамат да ги покажат пред другите.