Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Пред малку пред судот сведочеше Дејан Димовски началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје.
ДЕЈАН ДИМОВСКИ
Прашања од обвинител
О – во времето кога се случија предметните настани каде работевте?
д – началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, се уште сум на истата позиција
О – на какви предмети сте работеле
д – сум работел, во основа работам 22 години во МВР, од тие 22 години околу 20 работам во областа на крвните деликти, таму знате кои предмети се, кривични дела против животот и телото, слободата и правата на граѓаните, најтешките кривични дела, убиства, силувања, грабнувања итн, имало двојни, тројни убиства, сериски убиства
О – кога бевте известени за настанов, какви дејствија преземавте првично?
д – тоа беше 27 ноември 2023 година, јас имам три одделенија, за крвни деликтни, за насилен криминал и за семејно наислство, бидејќ во делокругот на работењето спаѓа и грабнување и противправно лишување од слобода, ние имавме информација за исчезнато девојче во Скопје, надлежноста не е во рамките на мојата единица туку во инспекторатот на потраги и бидејќи во тоа време девојчето живееше во центар надлежноста беше на евр Центар. Колегите постапувале цел ден, во текот на вечерните часови некаде, околу 17 часот добив телефонски повик од Музафер Каришиќ дека ќе мора да се вклучиме и ние, да се помогне бидејќи има изјави од страна на родителите дека може девојчето било киднапирано, немаше такви индиции но сепак да се вклучиме. Веднаш ги повикав повеќе колеги и отидовме во ПС Центар. Таму се собравме, беше и тогашниот началник на СВР Скопје, помошинкот Каришиќ, јас, тогашниот началник на ЕВР Центар и полициски службеници и од инспекторатот за потраги. Одржавме состанок со нив, да ни пренесат информации што ги имаат и одлучивме дека има доста нелогичности, одлучивме веднаш да почнеме со работа иако веќе беше 21-22 часот. Ги повикавме и родителите и директорката на училиштето, педагогот и не знам дали класната раководителка, ги водевме разговорите со нив. Не ни беше јасно зошто веднаш се алармира дека девојчето било грабнато или киднапирано и зошто мајката уште во 8 часот утрото пријавила во полиција дека има исчезнато девојче. Мислевме нормално би било да видат да не е негде, да отишла кај другарка, не веднаш да известат дека е исчезната, меѓутоа од разговорот видовме дека класната претходната вечер разговарала со мајката на Вања, рекла дека ќе се расчистат некои проблеми. Класната имала пракса, вообичаено било доколку некој не присуствува на настава, а да не е известена од родителите, после некое време да ги извести родителите. Така мајката добила информација околу 7.45 дека девојчето не е на училиште.
Разговаравме околу профилот на девојчето, каков ученик е , дали има проблеми. Почнавме да разговараме со родителите на Вања, беа заедно и Александар и Зорица и малата Миња. Почнавме разговори и со нив, за да го видиме профилот на семејтсвото, односите, навиките на девојчето, дали и другпат се случувало да ја нема. Како траеја разговорите едно време се поделивме, помошникот Музафер отиде со Александар и со некој роднина да пребаруваат некои локации низ градот каде евентуално ќе ја затекнат Вања, биле во станот во Капиштец, тоа ми го пренесе помошникот. Тоа беше околу полноќ, кога се вратија рекоа дека нема ништо, пмошникот рече дека му било чудно што Александар не искача, не пребарува со нас, вика дека џабе пребарувате. Што е чудно почна да повторува дека е киднапирана, може убиена е, нелогично беше тоа, се вратија назад, се вреше проверка и во Охрид бидејќи имале стан и таму, но немаше никој таму.
Ги одвоивме двеојчето со мајката и таткото посебно, нас ни беше нејасно зошто Александар вика дека е киднапиран, во еден момент се сеќавам рековме ќе имаме трага по што да одиме, ќе не контактираат, реков не верувам чим не сте добиле некаков повик досега.
Тоа беше до касно понеделникот, сабајлето веднаш продолжовме и работевме на некои теории, имаше информација дека наводно Вања имала некој виртуелен дечко, што комуницирала со него, од Шведска мислам дека беше, на англиски зборувале, биле блиски. Помисливме да не случајно нешто се договорила со него, го проверувавме профилот по Фејсбук, видовме дека има знамиња од ИСИС, ни се вклучи алармот, повикавме и колеги од Интерпол, проверки се вршеа во Шведска, проверувавме на граница, негативно беше сето тоа, а изгубивме два дена, одземавме телефони, компјутери и слично.
Тоа траеше два-три дена, а разговаравме цело време со родителите.