Началник од МВР од Кочани на партиски состанок во ДПМНЕ!

Господине Тошковски,

Досега, ниту еден командир, инспектор, началник или повисок функционер на МВР – од ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ – кои кога се случил настанот а биле на функции не е меѓу приведените или опфатените со истрагата.

Иако тие на 16 март биле на различни позиции, биле дежурни и најважно имале законска надлежност и обврска да постапат вечерта за време на трагедијата.

Јавноста се прашува како е можно да не бидат предмет на истрага функционери кои вечерта биле на функции, а не презеле никакви мерки за спречување или заштита.

Меѓу овие луѓе, е Томо Донев, началникот на криминалистичката полиција на Кочани кој бил на функцијата на денот кога се случи трагедијата.

Еве една фотографија. Погледнете ја добро.

Томо Донев е фотографиран на партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и оваа фотографија од партиски состанок е објавена и јавно достапна.

Согласно Закон, ниту еден полициски службеник не смее да биде член на политичка партија. И ваши изјави има на оваа тема.

Моето второ прашање е господине Тошковски: Дали ова е причината поради која досега ниту Донев ниту кој било друг функционер на МВР што вечерта бил на функција не е повикан на распит и не е опфатен со истрагата?

Министре Тошковски, ова не е прашање на политика. Ова е прашање на правда. И затоа, од оваа говорница ве повикувам – не кријте ја вистината. Не штитете некој што ја има прекршено службената должност. Државата, граѓаните и семејствата на загинатите заслужуваат одговори. Денес, не утре.

Пронајдете не на следниве мрежи: