Начевски и Николов ќе го судат „вечното“ дерби Вардар-Еурофарм Пелистер во Битола!

Плеј-офот во ракометната Суперлига во рамките на петтото коло ќе ја понуди првата директна борба за титулата, бидејќи Еурофарм Пелистер ќе го дочека Вардар 1961. Следниот четврток битолчани ќе бидат домаќини на „вечното“ дерби против скопјани. Пелистерци имаат бод преднсот во однос на ривалот во борбата за одбрана на титулата.

Според новиот систем на Ракометната федерација на Македонија, преку полудиригирана ждрепка се одредија судиите за овој натпревар. Правда на ова дерби ќе делат најдобрите наши арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. 

Исто така беа одредени судиите и за другите натпревари. На пресметката меѓу Алкалоид и Бутел се делегирани Металари и Николовски, додека Божиновски и Начевски ќе им судат на Тиквеш и Охрид. 

Во плеј-аут сегментот за средбата на Куманово и Борец се одбрани Митревски и Тодоровски, Кркачев и Колевски ќе судат на мечот меѓу Радовиш и Пролет, додека Илиевски и Илиевски се паднаа за дуелот на Струга и Прилеп.

Пронајдете не на следниве мрежи: