Словачкиот премиер Роберт Фицо отворено го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „непријател“, обвинувајќи го дека и’ предизвикува проблеми на Словачка со суспендирање на транзитот на руски гас преку Украина.Ова го објави словачкиот портал ,,Деник Н”, а киевскиот сајт RBK Ukraina пренесува дека станува збор за „скандалозна изјава“.Се дознава дека Фицо го критикувал предлогот на Зеленски за започнување на транзит на азербејџански гас во Европа и изјавил дека ништо не е готово и дека не е разговарано за никаков проект.Фицо рече дека Зеленски „дува меурчиња за да избегне тешки одлуки“.– Наш непријател е Зеленски. Зеленски ги создаде проблемите што ги имаме. Не го сакам бидејќи и’ прави штета на Словачка – изјави Фицо.Тој ја повтори својата закана дека ќе ја блокира одлуката на ЕУ за помош на Украина.Фицо утре оди во Брисел на разговори во Европската комисија за проблемите околу снабдувањето со гас.Киевската веб-страница објави дека Фицо ја заостри својата реторика откако беше одбиено неговото барање да продолжи транзитот на рускиот гас по 1 јануари 2025 година.Како одговор, Фицо упати неколку закани, меѓу кои и дека ќе го прекине извозот на струја во Украина и значително ќе ја намали помошта што ја добиваат украинските бегалци кои во моментов се згрижени во Словачка поради војната.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.