НАШИТЕ ИВАЈО И ТОД ХЕЈЗ КОН ВРВОТ НА СВЕТСКИТЕ ТОП ЛИСТИ!

Нашите продуценти на Хауз музика, Ивајо(IWAYO) и Тод Хејз(Todd Haze) денес го пуштија своето заедничко првенче “Трн ап д бејс”(Turn up the bass) со видео запис на Јутјуб. Песната е работена од двајцата млади продуценти кои будат надеж за глобално ширење на музиката која ја работат.
Во експанзија на Хауз звукот, на светските топ листи ќе се најдат и Македонските продуценти со својата нова трака која наскоро ќе биде издадена од Лондонската продуцентска куќа “Кросворлдер”(Crossworlder). Промовирана од оваа светски признаена куќа, нашите Ивајо и Тод Хејз ќе бидат слушани меѓу веќе познатите Армин Ван Бјурен, Тиесто, Авичи… 
Песната ќе биде достапна и преку сите интернет продавници како Ајтјунс(iTunes), Битпорт(Beatport), Џуно Даунлоуд(Juno Download), Трексорс(Traxsource) и други. Ивајо исто така деновиве во соработка со нашиот познат Хип Хоп артист Слаткаристика го промовираше новиот сингл и видео запис за песната “Добро да е”.Нашите продуценти на Хауз музика, Ивајо(IWAYO) и Тод Хејз(Todd Haze) денес го пуштија своето заедничко првенче

Пронајдете не на следниве мрежи: