Смртта на Навални е „уште една искра“, а во Минхен видовме навивачки пристап, броење и сумирање како да се победи непријателот, а не долгорочен поглед на иднината, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ
Во телевизиско гостување, српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека позицијата на Србија во однос на Русија ќе биде потешка по смртта на најгласниот критичар на руските власти, Алексеј Навални, но ја отфрли можноста за воведување на било какви санкции кон официјална Москва, и рече дека ситуацијата треба дас е гледа во контекст на рускиот напредок во Украина и претстојните претседателски избори во САД.
„Смртта на Навални е „уште една искра“, а во Минхен видовме навивачки пристап, броење и сумирање како да се победи непријателот, а не долгорочен поглед на иднината, изјави Вучиќ за ТВ Прва по враќањето од Минхенска безбедносна конференција“,
рече Вучиќ.
Тој кажа и дека веста за смртта за Навални е ужасна и изјави дека Србите сакаат да имаат „навивачки став“ и да прифаќаат се што им се допаѓа, а се друго да отфрлаат.
„Јас не сум истражен орган и не сум толку паметен како сите во светот кои секогаш знаат сè, сега не се работи за притисок за воведување санкции кон Русија, луѓето знаат дека тоа не е можно“,
изјави Вучиќ.
Најпознатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, според информациите на персоналот во казнената колонија „Поларен волк“ во градот Карп, се онесвестил и починал во петокот по прошетката во затворот во кој ја служел казната, а според првичните информации од истражителите тој починал од синдром на ненадејна смрт. Неговата мајка Људмила добила официјално известување за смртта на својот син, но неговото тело сѐ уште не ѝ било предадено, што според неговата портпаролка Кира Јармиш значи дека Кремљ можеби се обидува да ги прикрие трагите на неговите „убијци“.
„Мртовечницата е затворена, и покрај уверувањата на колонијата дека работи и дека телото на Навални е таму. Адвокатот се јавил на телефонскиот број на мртовечницата. Му било кажано дека тој е веќе седмиот кој им се јавил денеска и дека во мртовечницата не е телото на Навални“,
рече Јармиш.