Нашле игли за шиење во јагодите што ги јаделе, спроведена истрага

Австралиските власти спроведоа истрага откако во шест сојузни држави се пријавени случаи на пронаоѓање игли за шиење во јагоди.
Еден човек завршил во болница откако изел јагода во која имало игла. Неколку производители ги повлекле своите јагоди, а најголемиот трговски синџир во Нов Зеланд, како мерка на претпазливост ја запре продажбата на австралиски јагоди.
Австралискиот министер за здравство, Грег Хант, нареди Агенциите за храна во Австралија и Нов Зеланд да спроведат истрага за тоа што се случува.


Локалните власти, исто така, спроведуваат истрага, но засега никој не е осомничен. Полицијата и одгледувачите сметаат дека е можно по првиот случај да се појавиле имитатори на истиот.
Државата Квинсленд нуди 100 000 австралиски долари за какви било информации за оваа ситуација.
– Зошто нормален човек со ваков ужасен чин би го загрозил здравјето на бебиња и деца? – праша во саботата премиерката Анастасија Палашчук.
Од друштвото на одгледувачи на јагоди од Квинсленд сметаат дека иглите во јагодите ги ставил незадоволен работник, но полицијата смета дека е прерано за да се носат вакви заклучоци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.