Нашол чанта со 10.000 долари: Со парите го направил тоа што го прават само добри луѓе

Возач на метро во Њујорк пронашол чанта со 10 000 долари и направил нешто неверојатно со нив.
Ричард Таверна забележал сина „Шанел“ чанта на станица во Менхетен. „Ја земав чантата и ја отворив да видам да не има некакви документи за идентификација за да ја вратам на тој што ја изгубил“, рекол Таверна за „Си-ен-ен“.


Тој во чантата нашол коверт на кој имало напишано нешто на руски јазик. Не знаел да го прочита, па ја зел чантата дома, каде што подоцна нашол нешто поинтересно.
„Го отворив пликото и во него имаше 10.000 долари. Имаше 100 банкноти од по 100 долари“, рекол Таверна. Тогаш направил нешто, што според него, би го направиле повеќето луѓе.
„Па, не беа мои“, рекол Таверна и додал дека ги однел парите во полициска станица.
Парите биле најдени на истото место каде што претходно некоја жена пријавила во полиција дека загубила сина чанта со пари, а тргнала на одмор во Русија.
„Мислам дека не направив ништо невообичаено“, рекол Таверна. „Убаво се чувствуваш кога ќе направиш добра работа“, додал тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.