вторник, 24 ноември 2026
Најново

Најавена „вонредна економска состојба“ во Франција, Макрон вети покачување на платите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шефот на француската држава по денешните консултации и по долго молчење,  во обраќањето до Французите  прогласи „вонредна економска и социјална состојба“  посакувајќи „Франција на заслуги и работа“ и „Франција која може да живее достојно од нејзината работа“. Тој и се обрати на нацијата по кризата предизвикана од ,,Жолтите елеци” и откако денеска се сретна со синдикатите и првите луѓе на бизнис заедницата. Ова е прва јавна изјава во која Макрон се согласи да преземе итни чекори за да ги задоволи барањата на демонстрантите , кои ја разнишаа неговата влада.
Еве дел од интервентните мерки на Макрон:
– Зголемување на минималната  месечна плата за 100 евра месечно од 2019 година, „без трошоци за работодавачите“
– За прекувремена работа нема да се се плаќаат даноци или давачки од 2019 година
– Сите работодавачи што можат, да им исплатат премија на крајот на годината за вработените, која же биде ослободена од данок.
– На пензионерите кои добиваат помалку од 2.000 евра месечно ќе им биде поништено зголемувањето на дополнителните социјални давачки, кое го поднесоа годинава.
Еве го и неговиот говор кој беше објавен на сите светски медиуми:

https://www.youtube.com/watch?v=_9AZh68Xq8c

Поврзани вести