Најавите на премиерот беа дека во Брисел ќе пренесе „жестоки пораки“ – исход се средби на кои премиерот сепак не пренел ништо ново

Пишува Ивон Величковски на социјалните мрежи:

Пораките на Мицкоски од Брисел се кон домашната јавност, а Брисел останува на своите позиции. Впрочем нив Скопје ги има прифатено.

Северна Македонија ќе напредува во евро-интеграциите според Преговарачката рамка, а ВМРО-ДПМНЕ избира дали и како (ќе) го кочи ЕУ-интегративниот процес.

Најавите на премиерот вчера беа дека во Брисел ќе пренесе „жестоки пораки“. Денешниот исход се средби на кои премиерот сепак не пренел ништо ново.
А од акцентираната “едногласност во одлучувањето” од соговорниците, заклучокот е дека Брисел не препознал основа за промена во пристапните документи и процеси на Северна Македонија.

Со тоа, пресретнат е уште еден обид за злоупотреба на посетата во функција на партиската пасив-агресивна анти-интегративна пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.

1. Премиерот и министерот за надворешни немаа ексклузивни средба со европскиот врв, туку состаноци во рамки на спроведувањето на Планот за раст на регионот заедно со уште 5 владини делегации од регионот.

2. Со игнорирањето на изјавите на премиерот, Брисел потврдува дека Преговарачката рамка и „Францускиот предлог“ се инструментите со кои ЕУ ги дебилатеризира разликите меѓу Скопје и Софија и ја води Северна Македонија по јасна патека кон полноправното членство.

3. Со поведение на обврска за зависност на европскиот пат на Скопје од приволувањето на Белград кон евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ влезе во целно провоцирање на Софија. „Бидермаерот“ му се падна на партискиот потпретседател и министер Николовски. Неслучајно коинцидирајќи со средбите во Брисел.

4. За нацијата е небитно е дали ВМРО-ДПМНЕ си ги комплицира односите со сестринската партија во Бугарија или со ЕПП, од каде потекнува и старо-новиот претседател на ЕК.
Но битно е дали „Белата Палата“ има поголема обврска кон Вучиќ или Орбан одошто кон македонскиот народ и кон нацијата на Северна Македонија.

5. Од формирањето на кабинетите во „Илинденска 2“ и „Водно“, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, Силјановска-Давкова, Муцунски, Николовски се соочија со неможноста во земјата-членка на НАТО да се расфрлаат со фиромски „патриотизам“ на контролирана конфликтност кон Бугарија, Косово, Грција и Албанија надвор и кон немакедонските етнички заедници дома.

6. ВМРО-ДПМНЕ знае дека ПЈРМ 1994 и РСМ 2024 не се исти ниту политички ниту медиумски ниту искуствено. Оттука неговата анти-интегративна политика втемелена на проекција на чувство на „неправда“ од која Северна Македонија може да се заштити само преку Србија (Унгарија) и Русија е погубно повторување на стари грешки.

7. Единствен расположлив за правецот на ВМРО-ДПМНЕ на држење на Скопје како логистика на фемкањето на Белград меѓу Брисел и Москва за сега остана Синодот, кој, задоволен со Томос од Белград без автокефалност од Константинопол – ја заложи Охридската Архиепископија уважувајки ја страна на Московската патријаршија во однос на Украинската православна црква. На штета на Православната црква во Северна Македонија и православните верници во земјата, мнозинството од македонскиот народ впрочем.

8. Во вака стеснет маневарски простор и отсуство на резултати при масивен Пи-аР, единствен расположлив таргет на ВМРО-ДПМНЕ остануваат меѓуетничките односи. За почеток атакувајќи го „балансерот“.

Но, препознати како извор на „дестабилизација“, ВМРО-ДПМНЕ и Владата одеднаш се на чистина:

– Македонците не се заинтересирани за приказните на Мицкоски меѓу две задолжувања на буџетот со кинески средства со унгарска етикета и
– Албанците не се заинтересирани за политичка дестабилизација за спречување на преговорите на земјата за членство во ЕУ.

На кусо: Интересот на власта е Северна Македонија да остане регионална провинција. Целта на нацијата е земјата да стане европска по членство и перформанси.

Пронајдете не на следниве мрежи: