Најавуваното невреме стигна и во Скопје

Во Скопје започна невремето кое беше најавувано, и е проследено со пороен дожд и силен ветер.
УХМР вчера најави дека доколку врнежите бидат интензивни, очекувана е појава на брзо истекување од горните кон долните сливни подрачја и локални плавења покрај помалите водотеци и суводолици.
Доколку се јават интензивни врнежи, во градските населби каде не се одржува редовно атмосферската канализација и на места каде олуците од покривните површини директно се вклучени во фекалните канализации, поради малиот капацитет на канализационите цевки предвидени само за фекални води, можна е појава на зачепување на одредени шахти и појава на поплавување на незаштитените подрумски простории, особено во објектите кои се во пониските делови од населбите.
Кај подвозниците, каде нема соодветно одводнување или пак тоа не се одржува редовно, можна е појава на заезерување. Доколку нема редовно одржување и чистење на одводните улични шахти можна е појава на заезерување и на одредени улични правци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.