Најбогатиот Французин се откажа од намерата да стане Белгијанец

Бернар Арно, најбогатиот Французи, се откажа од обидот да добие белгиско државјанство и објави дека ќе продолжи да плаќа данок во својата татковина со што им стави крај на повеќемесечните нагаѓања дека по примерот на својот сонародник Жерар Депардије со заминувањето во странство ќе го избегне 75-отстотниот данок на годишни приходи над милион евра.Челникот на конголмератот за луксузни производи LVMH својата одлука ја објави во разговор за еден париски весник и рече дека никогаш  немал намера да избегне данок.„Денеска одлучи да се стави крај на конфузијата.  Го повлекувам своето барање за добивање на белгиско државјанство“, изјави Арно за весникот Le Monde.Веста дека Арно поднел барање за белгиско државјанство предизвика остри критики на лидерите на француските социјалисти дека му недостасува домољубие во моменти кога француската економија е во големи долгови и стагнација.Арно тврди дека неговите настојувања да добие белгиско државјанство не биле мотивирани од високите даноци туку со прашањето на сопственост за да неговите деца не спорат околу богатството кое што ќе им го остави еден ден.
МакфаксБернар Арно, најбогатиот Французи, се откажа од обидот да добие белгиско државјанство и објави дека ќе продолжи да пла

Пронајдете не на следниве мрежи: