Илон Маск, познатиот технолошки претприемач и извршен директор на „Тесла“ и „Спејс Екс“, не е само бизнис иноватор – неговото семејство е разновидно и интересно како и неговите проекти. До 2025 година, Маск беше татко на 14 деца со четири различни жени: Џастин Вилсон, Грајмс, Шивон Зилис и Ешли Сент Клер.
Неговото прво дете е син, Невада Александар Маск, со Џастин Вилсон. За жал, Невада почина на само 10 недели од синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња.
После тоа, Илон и Џастин ги добија близнаците Грифин и Вивијан Џена, родени во 2004 година. Три години подоцна, во 2006 година, тие добија тројки, синовите Каи, Саксон и Дамијан.
Со Грајмс (Клер Буш), Маск има три деца. Нивниот прв син е X Æ A-Xii , роден во 2020 година, чие необично име привлекува големо медиумско внимание. Следната ќерка, Екса Дарк Сајдерел, е родена во 2021 година преку сурогат мајка. Нивното трето дете, синот Техно Механикус, со прекар Тау, е роден во 2022 година.
Илон Маск имаше и четири деца со Сиобан Зилис . Близнаците Страјдер и Азур се родија во ноември 2021 година, додека третото дете, Аркадија, се роди во 2024 година, а четвртото, Селдон Ликургус, кон крајот на 2024/2025 година. Според медиумите, Маск има уште еден син, Ромулус, со Ешли Сент Клер, што би било неговото 14-то дете.
The post Најбогатиот човек на светот дури и не знае колку деца има: Јавноста знае за 14 од нив, едниот син го сменил полот, а никој не може да го изговори името на другиот appeared first on Во Центар.



