За разлика и од многумина „помлади“ од него, коишто би уживале во пензијата, 100-годишниот милијардер Чанг Јун Чунг и по 80 години работен стаж, и натаму сака да оди на работа.
За највозрасниот милијардер на светот, основачот на компанијата „Пасифик интернејшнал лајнс“ (ПИЛ) седењето дома не е опција. Иако позицијата директор веќе му ја препушти на својот син Тео Сионг Сенг, овој стогодишен Сингапурец и натаму настојува да доаѓа на работа секој ден.
-Тоа е моја навика. Ја посетувам фирмата секодневно и го проверувам секој отсек… И, секој ден ги запишувам сите свои активности во дневник. Едноставно, не можам да бидам дома, тоа е многу здодевно, изјави Чунг.
ПИЛ е основана 1967 година, а денес има скоро 18.000 вработени.
-Во секоја работа, особено оние со бродови, наидувате на разни проблеми – политички, технички, несреќи… Да се остане смирен и да се заборави на темпераментот во работата е најважно, а тоа е она што го научив од својот татко и сè уште учам од него, вели син му Сенг.
Чунг пак, нагласува дека само доброто ментално здравје го правело среќен сиве овие години.
-Никогаш не ги губам нервите. Не можам јас тоа. Кога губите нерви, едноставно не можете да се контролирате, истакна Чунг.