петок, 13 ноември 2026
Најново

Најгледаната епизода на САМО ВИСТИНА на сите времиња, од која Јонуз избега од Филип Петровски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Проследете ја најгледаната емисија на САМО ВИСТИНА на сите времиња од која Агим Јонуз избега под налетот на аргументите на Филип Петровски. Емисијата е снимана на 18 јуни 2018 и во неа се предвидени резултатите на референдумот.  
Поенти на Петровски: се лиферуваат лажни анкети, се сервираат неточни бројки, има спротивставени размислувања. НАТО и ЕУ се лицемерни. Не упатуваат преку Атина, создаваат фрустрација и не прават нација или народ од втор ранг. Знам луѓе кои биле про НАТО а сега се веќе скептични. Во Македонија има корумпирана политичка елита која што ја слуша корумпираната бриселска елита. Во ВМРО-ДПМНЕ треба да се случи внатрешна ЛУСТРАЦИЈА. Во Извршниот комитет на партијата има познат соработник со кодно име ГЛУМЕЦ. Но соработници има и во НВОата, меѓу новинарите, меѓу професорите. Заев кај дел од граѓаните се смета за ВЕЛЕПРЕДАВНИК. Во тоа време некои тези се претпоставувани. Но, времето подоцна ги потврди.
Во оваа емисија Агим Јонуз се обиде да импровизира во на него познат стил. Но тоа не помина. Го пофали Заев како храбар политичар, но без образложение…
Некаде после 32 минута дојде до кулминација. Јонуз почна да зборува неповрзано, на што Филип Петровски го праша дали испил нешто пред емисијата… Ова беше премногу за растревожениот Јонуз кој го фрли микрофонот и си замина. Филип го испрати со зборовите дека бега затоа што не му држат тезите. Проследете.

Copyright 2018: Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Поврзани вести