Најголемата плата во Србија е 1.5 милиони евра на месечно ниво

Највисока плата во Србија од 1.500.000 евра месечно лани добил бизнисмен од Белград!

За една година заработил неверојатни 18 милиони евра! Тоа значи дека дневно заработувал и по 53.500 евра, а со тие пари можел секој ден да купува еднособен стан. За споредба, овој белграѓанин заработува два и пол пати повеќе од најплатениот српски фудбалер Душан Влаховиќ, чија годишна плата во Јувентус е седум милиони евра.

Најголемата плата во Србија е 1.5 милиони евра на месечно ниво

Поради тоа овој Србин ќе треба да плати речиси 2,7 милиони евра градски данок!

Како што соопшти Даночната управа на Србија, пријавените приходи за првите сто подносители на даночни пријави со највисоки годишни приходи се движат од околу 100 милиони динари до 2,1 милијарди динари.

Од стоте пријавени со најголеми приходи лани, 88 се српски државјани, а 12 се странци.

  • Граѓаните со најголеми примања во Србија по професија се менаџери, директори, инженери, економисти и правници – наведуваат од Даночната управа.

Инаку, адвокатка минатата година првпат се појавила во врвот на најплатените професии.

Според податоците на Даночната управа, се зголемува бројот на граѓани чии примања надминуваат три просечни годишни српски плати кои изнесуваат 3.268.224 динари. Минатата година за утврдување на годишен персонален данок пристигнале вкупно 34.753 барања, што е за 4.463 барања повеќе од 2020 година.

Најголем број од овие апликации поднеле граѓани кои живеат во општина Нови Београд, вкупно 5.935. Следи центарот на Белград со 5.574 апликации, потоа Нови Сад со 4.041 апликација, додека во Ниш се поднесени 1.211 апликации. Уделот на мажите во оваа статистика не се намалува. Така и годинава, исто како и лани, 91 отсто од регистрираните граѓани со високи примања биле од машки пол. Тоа значи дека меѓу регистрираните 34.753 државјани на Србија, кои заработиле повеќе од три годишни просечни српски плати, има дури 31.625 мажи, додека само 3.128 се жени – велат од Даночната управа.

Само една година претходно највисоките пријавени приходи биле значително помали, па најплатениот граѓанин на Србија во 2020 година заработил 11 милиони евра, седум милиони евра помалку од рекордерот од 2021 година.

Економистот Љубомир Маџар вели дека факт е дека во последниве години значително е зголемен бројот на богаташи, но додава дека не е изненаден што се поголем број луѓе имаат астрономски плати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.