Најголемите кипарски банки повикаа на воведување на данокот за банкарски депозити

Двете најголеми банки на Кипар го повикаа во петокот кипарскиот парламент да го прифати предлогот на еврогрупата кој предвидува оданочување на банкарските депозити поголеми од 100 илјади евра за да се спречи колапс на банкарскиот сектор.

„На сите мора да им биде јасно, пред се на 56-те правници, дека повеќе не смее да се одложува усвојувањето на предлогот на еврогрупата за оданочување на банкарските депозити поголеми од 100 илјади евра, за да нашиот банкарски систем се спаси од пропаст“, рече претседателот на Bankf of Cypris, Андреас Артемис.Колапсот на банкарскиот систем доведува до целосна загуба на сите поединечни депозити кои надминуваат 100 илјади евра и до итна реализација на колатералот за лоши заеми. Многу компании и илјадници работни места исто така ќе бидат изгубени“, рече претседателот на најголемата кипарска банка.Идентично барање до кипарските парламентарци упати и челникот на банката Pupular (CPB), втор по големина заемодавач на Кипар, кој од четвртокот е соочен со навала на клиентите.„Иако сме свесни дека состојбата е сериозна и дека првобитниот предлог на еврогрупата беше болен, со него се гарантира иднина на банкарскиот сектор“, рече Такис Фидиас, директорот на CPB.
Makфакс
Двете најголеми банки на Кипар го повикаа во петокот кипарскиот парламент да го прифати предлогот на еврогрупата кој предви

Пронајдете не на следниве мрежи: