Најголем дневен пад на цената на златото за над 30 години

Цената на златото во понеделникот продолжи со остриот пад, намалувајќи се за дури осум отсто, што е најголем дневен пад за повеќе од 30 години.

Цената на златото вчера падна на 1.356,85 долари за фина унца (31,1 грам), што е најниско ниво од февруари 2011 година. Распродажбата на златото започна во петокот поттикната од стравувањата за продажба на кипарското злато.Во петокот овој благороден метал загуби за над четири отсто од вредноста и за прв пат од јули 2011 година неговата цена се спушти под границата од 1.500 долари за унца.Во понеделникот падот на цената на златото го забрза и паниката кај инвеститорите и техничката продажба по преминувањето на клучната граница.Инвеститорите го избегнуваат златото во ситуација кога опаѓа стравувањето од инфлацијата, а постојат назнаки дека американската централна банка до крајот на годината би можела да почне да ја ограничува финансиската поддршка на економијата. Вчера објавените податоци за забавувањето на кинеската економија ги собори цените на индустриските суровини, што за инвеститорите беше уште еден изговор за продажба на златото.Паралелно со златото, паднаа и цените на останатите благородни метали. Цената на среброто се спушти на најниско ниво од октомври 2010 година, а платината се спушти на најниско ниво од август минатата година. Значително ослабнаа и цените на останатите суровини, како што се индустриските метали и нафтата, воглавно поради стравувањата од забавувањето на кинеската економија.Златото сега се најде на една третина под историскиот максимум од 1.920,30 долари за унца од октомври 2011 година.Неговиот пад започна под влијание на минатонеделните вести дека Кипар во рамки на планот за спас од банкрот веројатно ќе биде принуден да дојде до 400 милиони евра преку продажба на дел од златните резерви. Иако таа сума е релативно ниска, тоа предизвика стравување дека на продажба на златото би можеле да се одлучат и други задолжени европски држави, на пример Италија и Шпанија.
Макфакс
Цената на златото во понеделникот продолжи со остриот пад, намалувајќи се за дури осум отсто,

Пронајдете не на следниве мрежи: