Армијата ги идентификува другите две тела како телата на 28-годишниот Амит Бускила и 56-годишниот Ицак Гелерентер
Војската на Израел денеска извести дека нејзините војници во Газа ги пронашле телата на тројца израелски заложници земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври минатата година на фестивал на кој присуствуваа илјадници луѓе, при што беа убиени повеќе од 200 луѓе.
Меѓу телата е и она на германската државјанка Шани Лук, која беше на видео кое го обиколи светот.
Имено, во вознемирувачко видео што потоа се појави на социјалните мрежи, се гледа неподвижна девојка која милитантите од Газа ја зеле како заложник и со која парадирале околу таа крајбрежна енклава возејќи ја наоколу со пикап. Првично семејството преку медиумите кажа дека има информации дека можеби е жива, но Израелците тоа го демантираа.
The woman whose body was seen on video in the back of a pick-up truck driven by Palestinian terrorists to Gaza has been identified.
30-year-old Shani Louk was a German citizen visiting Israel to attend the music festival for peace held near the Gaza border fence.
RIP Shani pic.twitter.com/BhLbX23lan
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 7, 2023
Армијата ги идентификува другите две тела како телата на 28-годишниот Амит Бускила и 56-годишниот Ицак Гелерентер.
„Сите тројца беа убиени од Хамас на музичкиот фестивал ‘Нова’, забава на отворено во близина на границата со Газа“,
изјави на прес-конференција воениот портпарол, контраадмиралот Даниел Хагари.
Војската соопшти дека телата биле пронајдени во текот на ноќта, без да наведат детали или да откријат каде се наоѓаат.
Да потсетиме, Хамас упадна на техно-фестивал и уби стотици луѓе од непосредна близина, а потоа ги ограби, според снимките од надзорните камери кои беа потврдени од Си-ен-ен.
Израел вели дека околу 100 заложници сè уште се држат во Газа, заедно со телата на уште триесет.
Израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го елиминира Хамас и дека ќе ги врати сите заложници. Тој се соочува со притисок да поднесе оставка, а САД се заканија дека ќе ја прекинат помошта за ситуацијата во Газа.
Израелците се поделени во два главни табора: оние кои сакаат владата да ја запре војната и да ги ослободи заложниците и други кои мислат дека заложниците се несреќна цена за искоренување на Хамас. Повремените преговори со посредство на Катар, САД и Египет не сменија ништо, пишува АП.