Најдоа ли лек за КОРОНА ВИРУСОТ во Русија?
„Потпирајќи се на кинеското и на француското искуство Научно-производниот центар ‘Фармзашчита’ на Федералната медицинско-биолошка агенција на Русија, состави шема за лекување на инфекцијата од коронавирусот врз основа на мефлохин, препарат против маларија“, соопштуваат од ФМБА, а пренесува РИА Новости.
Предложено е Министерството за здравство да го вметне препаратот во методичките препораки за лекување на коронавирусот, се додава во агенцијата.
„Препаратот со висока ефикасност го блокира цитопатогениот ефект на коронавирусот во културата на клетката и спречува негова репликација, а имуносупресивното дејство на мефлохинот ја спречува активацијата на воспалението со кое организмот реагира на вирусот. Додавањето на макролидни антибиотици и синтетички пеницилини спречува формирање секундарен бактериски и вирусен синдром и воедно овозможува да се зголеми концентрацијата на антивирусни средства во крвната плазма и во белите дробови“, изјави директорката на ФМБА Вероника Скворцова.
На база на мефлохинот се работи и на создавање ефикасна и безбедна шема за преземање превентивни мерки.
Во петокот агенцијата ФMБА соопшти дека во Русија е направен експериментален препарат за вештачка вентилација на белите дробови кој ќе овозможи истовремено опслужување на неколку пациенти.
Претставничката на Светската здравствена организација во Русија Мелита Вујанович се сложи со претпоставката на Министерството за здравство на РФ дека во мај ширењето на коронавирусот во земјата ќе почне да паѓа.
Најновите податоци за ситуацијата поврзана со COVID-19 во Русија и во светот се претставени на порталот стопкоронавирус.рф.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ НА ТЕМА:
Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата