Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски оствари денес забележа нов успех и од Меѓународниот турнир „Бугарија опен“ се врати со бронза.
Георгиевски поради повреда не можеше да се бори во полуфиналето против Чеик Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска.
„Бронза и нови поени за олимписка норма со две доминантни победи над Михопулос Сотирос од Грција и Харбар Андреј од Украина. Дејан за жал не може да се бори во полуфинале поради незгодна повреда на десната шака, се надеваме дека не станува збор за скршеница.
Теквондо е фулконтактен боречки спорт во кој многу често се минува низ пеколни повреди, Дејан поминал премногу, и тоа го прави вистински шампион. Искрено се надеваме дека овој пат се ќе мине полесно“, информираа од Македонската таеквондо федерација“, објави од федерацијата.
За две недели Георгиевски го чека нов предизвик и тоа на турнир во Белгија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.