РАСМУСЕН ПЕСИМИСТ: Најдобриот начин да се постигне мир е сојузниците на Украина да се подготват за долг конфликт

Крајот на војната во Украина е далеку, тврди поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, говорејќи пред комисиите за надворешни работи и одбрана на Европскиот парламент.

Расмусен повика да се обезбеди повеќе и потешко оружје за украинските војници.

Според него, „наместо да се чека офанзива на пролет, подобро е да се биде подготвен за масивни напади веднаш“.

„Најдобар начин за брзо завршување на војната е сојузниците на Украина да се подготват за долг конфликт. Ова е најдобриот начин да се постигне мир. Ако (рускиот претседател Владимир) Путин успее во Украина, тој ќе оди напред“, посочи тој.

„Нашиот пристап досега беше премногу постепен, така што секогаш сме еден чекор зад Путин. Војната не се добива со чекори. Потребно е изненадување за непријателот, потребна е долгорочна стратегија. Неопходно е по војната Русија повеќе да не биде во позиција за такви акции и Украина да може да се опорави и да влезе во ЕУ. Го поддржувам барањето на Украинците за влез во НАТО, но за тоа ќе биде потребно време“, додаде Расмусен.

Тој ги дефинираше како историски одлуките за обезбедување западни тенкови на Украина.

„Путин веруваше дека тоа ќе ја подели Европа и ќе ја ограничи поддршката за Украина; се надева дека заканата од употреба на нуклеарно оружје ќе ја ограничи помошта за Киев“, додаде Расмусен.

Пронајдете не на следниве мрежи: