Најдобриот природен лек за чистење на никотинот од организмот

Кога ќе испушите цигара, никотинот циркулира во крвта во просек од 6- 8 часа. Најголемиот дел од никотинот се елиминира со урина, но потребни се 48- 72 часа за да се исфрли преостанатиот никотин од вашето тело.
Во тој процес можат да помогнат водата, одредени видови на овошје и зеленчук, особено оние кои содржат витамин Ц. Тоа е најпознатиот витамин за исфрлање на никотинот од крвотокот, бидејќи го подобрува метаболизамот и ги создава белите крвни зрнца, но пушачите треба да внесуваат значително поголема доза од овој витамин отколку непушачите, до 2000 милиграми.
Што е најдобро за исфрлање на никотинот од организамот:
Вода – никотинот го дехидрира телото, па затоа поголемиот внес на вода е неопходен бидејќи помага телото да го исфрли никотинот.


Коприва – оваа билка е богата со железо и многу корисна за дезинфекција и одлична во борбата против инфекциите.
Зеленчук – конзумирањето на поголема количина целер, тиквици, грав и краставица може да придонесе во намалување на никотинската зависност. Не јадете многу сладок зеленчук, бидејќи прекумерната количина глукоза го активира делот од мозокот одговорен за уживање и задоволство.
Портокал – содржи високо ниво на витамин Ц, па придонесува никотинот брзо да се исфрли од телото на пушачите.
Сок од морков – сокот од морков содржи витамини А, Б, Ц и К кои помагаат никотинот да се елиминира од телото. Никотинот исто така и штети на кожата, а сокот од морков има многу витамини кои се добри за кожата.
Брокули – содржат високо ниво на витамини Б5 и Ц. Тие содржат и супстанца која ги штити белите дробови од оштетувањата предизвикани од никотинот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.