Познатата готвачка и авторка Марчела Хазан, родена во Италија, а живеела и починала во САД, во една од нејзините книги ја откри тајната за најдобриот сос за тестенини.
Токму нејзиниот сос од страна на списанието Delish е прогласен за најдобар во светот. За подготовка на сосот се потребни четири состојки:
-домати
-кромид
-путер
-сол по желба
Во тенџере ставете половина кромид без сецкање, додадете го путерот и кратко попржете. Додадете ги доматите и варете околу 45 минути. Состојките не треба да се сецкаат, само ставете ги во тенџерето заедно да се соединат и вкусовите да се измешаат.